Шилегов: Скопје не е вмровски град!

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов упати критики кон најавените проекти на неговиот противкандидат Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, тој додаде дека во Скопје сега подобро и помирно се живее за разлика од минатото.

„Се надевам дека Арсовска од МКЦ нема да направи сала Расадник. МКЦ е институција. Тоа е од фундаментално значење за скопјани“, истакна Шилегов а притоа беше прашан за одговор во однос на изјавата на Мирко Попов дека „Скопје е дијагноза“.

„Немам претензија да се мешам во размислувањата на никој од тие што дале поддршка. Скопје сега е сплотен град, не е важно на која страна на Вардар живеете. Тепачките во автобусите и средните училишта се минато. Скопје не е вмровски град. Скопје е град на сите граѓани“, додаде Шилегов.

 

Поврзани новости