Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

by Fokus

Театарот за мене е основа, тој е многу важен. Но, филмот е една чаролија со која тешко се постигнува резултат поради многу фактори. Сепак според мене, вистинската работа за актерот е токму театарот, затоа што е потребен професионалец кој целиот свој живот ќе му го посвети, рече денеска актерот Мето Јовановски кој е добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот фестивал „Киненова“.

Мето Јовановски се појавува во над 60-тина филмски и телевизиски наслови. Неговите незаборавни улоги се во филмовите – „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“.

Поврзани новости