Шилегов: Скопје ќе има најголема пешачка зона во Европа

by fokus

Во следните четири години ќе го заокружиме целосно процесот за решавање на собораќајниот хаос во градот, во првиот мандат започнавме храбро, а во следниот ги завршуваме сите проблеми за Скопје да биде град без инфраструктурен проблем во следните 50 години, рече Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје, на вечерашниот караван на СДСМ во паркот Ибни Пајко.

– Започнуваме да го пробиваме булеварот „Македонија“ познат како „Јужен булевар“, конечно ја поврзуваме Кисела Вода со Центар и со Карпош. Целосно го завршуваме булеварот Словенија, кој ќе води до Волково и до Ново Село, а ќе биде поврзан и со Општина Карпош со мостот на улица „Љубљанска“. Во центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа од стара Железничка до Бит Пазар, од Собрание до Палома Бјанка, целосно ќе го исчистиме градот заедно со општините затоа што изградивме инфраструктура во возила и потенцијал да можеме во наредниот мандат да понудиме на општините да влеземе пред секоја зграда и пред секој дом, нагласи Шилегов.

Истакна дека во следните четири години Скопје ќе го добие забавниот парк. Како што информира, проектот е готов, а тендерот е распишан.

– Најубавиот забавен парк во регионот, убедливо и еден од најубавите забавни паркови во Европа. Го одложивме лани само во интерес на заштита на интересите на Скопјани заради ковид кризата, нагласи Шилегов.

Поврзани новости