Загрижени родители јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на кои што се шири меѓуетничка омраза, реагираше Петре Шилегов од СДСМ.
-Веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели! Ќе има сериозна одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните! Директорите на средните училишта кои добиле наредба од раководството на ВМРО-ДПМНЕ утре да ја прекинат наставата и да ги носат децата на партиските протести, должни се, да се спротивстават! Груевски ги повлекува директорите на училиштата и наставниот кадар да кршат закон и ги вовлекува во кривични дела! Апелираме, професорите и наставниците да не влегуваат во хистеријата што ја наметнува Груевски, во којашто инволвира и деца! Советите на родители и наставници да не стојат настрана од потезите на инструираните директори, туку да преземат мерки за заштита на учениците!, изјави Шилегов.
Тој додаде дека кризата во Македонија ја создал Груевски и тој не може да биде дел од решението.