НСДП бара што побрзо да се формира новата влада

by fokus 15:38
15:38

НСДП апелира во најбрзо можен рок да се формира новата реформска Влада, која својот неспорен легитимитет го темели на резултатите од парламентарните избори, и со тоа во Макадонија да отпочнат процесите на возобновување на демократијата и институциите на системот.

„Сосема јасно е дека тие процеси Груевски и тие околу него ги доживуваат фаталиситчки за својата лична политичка иднина, и на сите можни начини ќе се обидуваат да ги одложат, но тоа е неминовниот пат кој избраа граѓаните на Македонија, од кој нема назад. Тоа треба да го сфатат и неговите сопартијци во ВМРО-ДПМНЕ и да го дадат својот личен придонес преку отпочнување на процес на внатепартиски реформи, затоа што само на тој начин Македонија може да се врати на евро-атланските патиша и да се спаси од пропаста кон која ја води нивниот актуелен лидер“, се вели во соопштението на НСДП.

Најголемата закана за безбедноста, стабилноста и унитарниот карактер на Република Македонија е лично Никола Груевски, вели НСДП.

„Тој уште еднаш, по кој знае кој пат, покажа дека својата лична политичка трагедија сака да ја колективизира за да се спаси себеси и тие околу него од правната одговорност за сите злодела кои ги направија на граѓаните во изминатава деценија“,пишува во реакцијата на НСДП.

 Резултатите од изборите на 11 декември, вели партијата на Тито Петковски, сосема јасно ја поставија формулата за решение и излез од политичката криза, а Груевски  и ВМРО-ДПМНЕ не се дел од неа.

„Тоа е прашање на математика, а не на лични стравови и политички желби да се блокираат процесите на профункционирање на правниот систем. Токму тој нарушен политички комодидет Груевски очајнички се обидува да го прикрие со манипулативен политички вокабулар исполнет со омраза и меѓуетничка поларизација и поделба“, вели НСДП.

Тезите, дека некој подготвува федерализација на Македонија, воведување на паралелни институции, на промена на знаме и химна, и дека истите тие може да се реализираат без поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, зборуваат за една виртуелна политичка реалноста која пропагандната машина се обидува да ја искористи за да се затскрие политичкиот очајник на кого личната слобода и нелегално стекнатото богатство му се помили од било што друго, вели НСДП.

 

Поврзани новости