423
Автобусите во наредниот период се додека се на сила вонредните мерки за намалување на загадувањето, ќе сообраќаат зачестено, а превозот ќе биде бесплатен истакна на денешната прес-конференција, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Да не се користат возилата без потреба и граѓаните да се организираат и да користат заеднички превоз, но и за затоплување да не се користат отпадни материјали, туку само суво дрво. Борбата против аерозагадувањето бара поголема вклученост од сите нас, бидејќи сите го дишеме истиот воздух – додаде Шилегов.
Тој истакна дека на работа ќе доаѓа пеш или со градски превоз, но на располагање го има и електричното возило кое го поседува градот.