Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска присуствуваше на седницата на Комисијата за спречување на корупција, на која се разгледуваше приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за можен судир на интереси во однос на објавениот повик за субвенции за велосипеди.
–Не станува збор за правен проблем, мислам дека се работи за политичко поднесување на овој тип приговори, со цел да се направи некакво алиби за очигледниот дебакл што ќе го доживеат на претседателските избори – рече градоначалникот Шилегов.
ДКСК на седницата одлучи да го одбие приговорот бидејќи досега нема изврешено никаква исплата на барател.
Меѓутоа, беше истакнато дека предметот не е затворен и писмено ќе се побара од надлежниот јавен обвинител во рок од 30 дена да ја извести комисијата за преземените активности до аспект на доброто управување, што би можело да предизвика прекршување Изборниот и Законот за борба против корупција и судир на интереси.
Шилегов истакна дека многу се внимава да не дојде до законски прекршувања, а се работи за Програма како редовна активност, за субвенционирање велосипеди и затоа нема дополнување за самата исплата. Потврди, дека досега нема исплатено ниту денар по таа основа, ниту е донесено какво било решение.