Екс градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов во „Вин вин“ на Телма рече дека „лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што јавно лажно ронат солзи за проблемот којшто го имаат граѓаните со вадењето пасоши, а од друга страна вадат пасоши со новото уставно име на државата, тоа е типичен пример на однесувањето на оваа партија“.
„Јован Јаулевски, Тони Јаревски, Александар Велјановски, Мирче Аџиески, Александар Николовски, Драган Ковачки, Иванка Василевска, Миле Левков, Бојан Стојановски, Тони Јаревски, сите овие пратеници на ДПМНЕ извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Во исто време кога лажно ронат солзи за граѓаните за себе и за своите членови на семејството обезбедуваат пасоши со новото уставно име Северна Македонија. ДПМНЕ ја злоупотребува маката на луѓет“ – рече Шилегов.
На сметка на државата, на сметка на општеството ДПМНЕ постојано создава проблеми, за политички поени, додаде тој.
„Свесно определена политичка структура ја внесува државата во кризи и блокади и после врз основа на тоа се обидува да фати политички поени. Не велам дека немало пропусти или дека организацијата можела да биде подобра. Но додека 600 илјади граѓани се соочуваат со проблем, оној пратеник што одеше да се слика на граници има извадено дипломатски пасоши ја злоупотребува ситуацијата и ги лаже граѓаните“ – додаде Шилегов.