Законот за јазици нема да ја уништи, туку ќе ја стабилизира државата, истакна пратеникот од СДСМ Петре Шилегов, на денешната собраниска седница на која пратениците расправаат за законот за јазици.
-Јазик не е појава што може да уништи држава, особено не унитарна држава како Република Македонија. Ние имаме иднина и стабилност само ако ги решиме внатрешните проблеми. Мора да изградиме концепт на кохезија во кој ќе се сплотат сите граѓани. Нерешавањето на тие проблеми е вистинската опасност за губење на државата. Стабилноста на меѓуетничките, општествените, социолошките и економските односи е нашата цврстина. Се друго е политиканство и ефтини приказни – рече Шилегов.
Тој потенцираше дека не е точно оти во Источна Македонија ќе биде воведена двојазичност, бидејќи, според него, никој нема никого да примора да познава и да зборува јазик различен од неговиот мајчин јазик.