Ратајковски за „Фокус“: Останувам во МРТ

by fokus

Досегашниот главен и одговорен уредник на првиот програмски сервис на МРТ, Диме Ратајковски, ќе остане во јавниот сервис и по поднесената неотповиклива оставка, која пред неполн месец ја доставил до Советот на МРТ. Се уште не се знае на кое место ќе биде распореден затоа што законот забранува деградирање на работни позиции по распишувањето на изборите.

За „Фокус“ Ратајковски вели дека ќе продолжи со своите ангажмани во МРТ, но дека ќе ги пренасочи во други програмски активности.

-Мојата работа, како уредник и новинар, секогаш и единствено ќе остане во МРТ, со сите нејзини доблести и мани. Јавниот сервис е лицето на државата и во тој контекст се надевам  дека оваа моја Куќа во иднина ќе добие многу поголема општествена поддршка – вели тој.

Ратајковски беше пет години на функцијата одговорен уредник на правиот канал на МРТ.

Поврзани новости