488
На Република Македонија не и требаат брзи, туку фер и демократски избори, какви што може да има само ако премиерот Никола Груевски поднесе оставка и биде формирана преодна техничка влада, рече денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, одговарајќи на изјавата на Груевски дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори во секој термин до април следната година.
– Не станува збор, во политиката, како мали деца да се фалиме кој од кого е посилен или како е посилен. Ние посакуваме избори, меѓутоа не по теркот на Груевски. СДСМ посакува, бара и инсистира на избори коишто ќе ги организира преодна влада со цел, да ја победи оваа политика и да оформи легитимна политичка влада во Македонија – истакна Шилегов.