Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески остануваат соработници на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на предлог на партискиот лидер Никола Груевски, вчера го реизбра Емил Димитриев за генерален секретар и избра нов состав на Извршниот комитет, во кој остануваат дел од досегашните членови, но има и 10 нови имиња, информираа од владејачката партија.

Така, во партискиот ИК остануваат Мартин Протуѓер, Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска, Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Зоран Георгиевски, Силвана Бонева, Зоран Илиоски и Влатко Ѓорчев.

Од новоизбраните членови тука се веќе познатите Коце Трајановски и Миле Јанакиески, додека има и анономните ликови за пошироката јавност, меѓу кои Никола Димески од Прилеп, Христијан Мицковски, професорот од Машинскиот факултет, доктор Александар Митов, Лазар Котевски, градоначалник на Новаци, Никола Затуровски, директор на средното училиште Нико Нестор во Струга…

Оттука, луѓето што се повлекоа од јавните функции по избивањето на политичката криза, како Мијалков и Јанкуловска, остануваат соработници на Груевски во партијата, додека третиот функционер што се поднесе оставка – Јанакиески, е избран за нов член на таканаречената партиска влада.

Поврзани новости