548
Не сум пијандира, не сум се напил алкохол воопшто или ако пијам тоа е многу малку. Јас сум успешен човек и имам заработено неколку милиопни евра. Неоправдано ми се лепи етикета, а акцијата за ваучери е од хумани причини воведена, рече вчера градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на советничко прашање од советничката на ВМРО-ДПМНЕ, и актерка, Јелена Жугиќ.
Жугиќ го праша градоначалникот колку е задоволен од искористеноста на акцијата за ваучери за такси за алкохолизирани лица.
Тој рече дека со акцијата се сака да им се овозможи на лицата кои ќе направат онлајн резервација во одредени угостителски објекти да добијат такси ваучер од 100 денари.