Нема техничка можност во депонијата Дрисла да се спалува отпад од било каков карактер освен медицински отпад, истакна денеска градоначаникот на Град Скопје Петре Шилегов.
-Во Дрисла не постои погон кој може да согорува таков тип на отпад, бидејќи таму има само инсинератор (горилник) за палење на медицински оптад. Друг вид на отпад за жал не се гори. Ако успееше постапката за избор на приватен партнер таков тип на инсталација беше еден од таргетите кои Градот ги постави, рече Шилегов во одговр на прашање пред почетокот на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ и пуштањето во употреба на фотоволтаична електрана во училиштето.
Тој прецизира дека Градот ги заврши сите постапки кои во формална смисла значат преземање на Дрисла како јавно претпријатие и додаде дека Централниот регистар има свој став што, како што рече, за жал не соодветствува на ставот на Градот.
-Но, сите треба да ја имаме во предвид општествената одговорност и јавниот интерес на Градот, а тоа е дека после девет години не смееме да ја пропуштиме шансата Дрисла да стане капацитет на јавното прептријатие. Во овој момент во формална смисла не постои постапка во која Градот треба да избере некаков приватен партнер кој би раководел со Дрисла, а за жал порано избраниот партнер се уште е внатре и се уште стопанисува и без никаков правен основ реализира одредени профити иако нема формален основ, рече Шилегов.