Заев: По 1000 евра за клима за 10 илјади семејства

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска објави дека во Скопје, Кичево, Тетово и Битола 10 илјади семејства ќе добијат по 1.000 евра за набавка на клима инвертери со што Владата ќе почне да ја спроведува првата фаза од планот и еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни уреди.

Премиерот информираше дека Владата на вчерашната седница  ја донела оваа одлука  која се однесува на семејства  кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

Сите досегашни анализи, рече Заев, покажуваат дека најголеми концентрации на штетни супстанци  во воздухот се случуваат во време на грејната сезона поради што е донесена еколошката мерка за сувенционирање на 10 семејства во прво време во четири градови во земјава.

За да се оствари оваа мерка владата му препорачала на Управниот одбор на АД Електрани (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

За да се обезбеди транспарентност и инклузивност во реализацијата на мерката, Владата ќе го покани Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на оваа мерка.

Поврзани новости