Шилегов: Кому и што ветил Груевски за Рамковниот договор?

by Фокус

СДСМ објави нов документ со кој, како што тврди, се обелоденувало кој стои зад идејата за ревизија на Рамковниот договор. Според документот Груевски е иницијаторот.

– Што е целта на Никола Груевски со овие докумети за Рамковниот договор? Што ветил Груевски и кому? Јавноста веќе дозна дека Груевски стои зад Конференцијата за ревизија на Рамковниот договор. Тоа е овој документ со архивски печат од Владата што веќе го објавивме, склучен уште пред 4 месеци, во јули помеѓу Владата и Европскиот институт за мир.

Ете зошто на Груевски му се потребни флаери со измислици и лаги. Никола Груевски се обидува да се испере од одговорноста. Сепак прашањето со коешто си поигрува Груевски воопшто не е наивно. Груевски е должен  да излезе и да објасни што прави зад грбот на граѓаните на Република Македонија. Што и да сака да направи Груевски доцна е. Прашање на денови е кога Никола Груевски ќе го добие одговорот од граѓаните на единствена Македонија, изјави Шилегов од СДСМ.

 

Поврзани новости