Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговори на реакциите во јавноста откако вчера беше снимен како игра игрица на својот мобилен телефон додека трае расправата за загадувањето во Собранието. Тој беше „фатен“ на својот мобилен телефон додека на говорницата зборуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува, него и неговите паушални говори, мора да ги “надминете” со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна… Во реалноста, постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем“, напиша Шилегов.
За решавање на проблемот со загадувањето, подготвен сум да соработувам со секого
Веројатно ова е прв пат Град Скопје да има прилика да дебатира на оваа тема во Собранието на Република Македонија и за решавање на проблемот со загадувањето, подготвен сум да соработувам со секого.
Publiée par Петре Шилегов sur Mardi 27 novembre 2018