Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека ќе го поддржи денешниот протестен собир „Протест за чист воздух“, најавен на социјалните мрежи. Собирот ќе се одржи попладнево пред Град Скопје.
– Ќе излезам бидејќи јас ја делам истата загриженост како и секој жител на Скопје. Јас го дишам истиот воздух како што го дишат и тие луѓе. Ќе бидам со нив и ќе ги повикам кај мене во канцеларија, да разговараме за проблемите. Секогаш може да се дојде до добра идеја од било кој наш сограѓанин. Градот работи посветено и веќе презедовме сериозен сет на итни интервентни мерки. Повеќе од 140 милиони денари токму годинава се поветени токму за заштита на животната средина, што досега не било предвидено. Секогаш ќе бидам на фронтот независно тоа колку го чини мојот политички рејтинг во борбата против загадениот воздух. Јас нема да бидам градоначалник кој ќе ве повика да ги затворите прозорците и веројатно гледате дека може да се види таа разлика, истакна Шилегов.