Караџовски тврди дека има кредибилитет да учествува во реформите во правосудството

by fokus

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, тврди дека тој лично има кредибилитет да ги спроведува реформите во правосудството предвидени со стратегијата на Министерството за правда.

-Не сум во романтична врска со власта, рече Караџоски, на денешната прес конференција.

Тој појасни дека Судскиот совет останува во полн состав да ја извршува функцијата за што ѝ се заблагодари на меѓународната заедница.

-Имаше најави за распуштање на овој состав на советот. За среќа, нашите пријатели од меѓународната заедница таквиот чин го сметаа за политички, линч на членовите на Судскиот совет, рече Караџовски.

На денешниот прес, тој го критикуваше изборот републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, истакнувајќи дека изборот бил незаконски со кршење на процедурата во Собранието. Се пожали и дека платите на судиите се на најниско ниво во Европа, и побара Владата да не го крши Законот за судски буџет.

Поврзани новости