778
Град Скопје утре ќе продолжи со уривање на галијата во Вардар откако пред повеќе од еден месец ја стопираше постапката поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот.
Првиот човек на градот, Петре Шилегов на денешната прес-конференција порача дека ќе се продолжи со отстранување на бродот.
„Внимателно го водевме целиот процес и сите услови за отстранување на галијата се исполнети. Сопственикот немаше платено три кирии и тоа според договорот овозможува тој да биде раскинат. Лично јас ќе го застапувам Градот на првото рочиште“, истакна Шилегов.