Шилегов: Ја поздравувам независната советничка листа составена од еко-активисти

by Fokus

Градоначалникот на Скопје ја поздравува иницијативата на неколку еко-активисти сами да „трчаат“ на претстојните локални избори на кои и тој ќе бара втор мандат.

„Ја поздравувам секоја иницијатива што може да придонесе за развој на демократијата и која може да развие алтернативни политики кои потоа заедно би ги имплементирале во пракса. Ќе ги видиме резултатите од изборите и која листа како ќе освои, каква ќе биде структурата на Советот и тогаш од позиција на градоначалник ќе ја реализирам соработката со членовите на Советот на Град Скопје“,  рече првиот човек на главниот град на Македонија.

Поврзани новости