Во лудоста наречена „Скопје 2014“, 50 проценти од зеленилото во малиот ринг беа исечени во фазонот „Миле ми текна да го разубавам овој дел од градот“, па така ја поместивме градежната линија на Водно зашто таму некој нашол плацеви кои биле за „џабалак“, рече кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов пред насобраните граѓани пред Универзална сала.
-Ни ги одземаа белите дробови на Скопје, го уништија зеленилото, а згора на се, му додадоа технолошки застарени автобуси. Додека цел свет купува електрични и метан автобуси, Коце и Груевски не почастија со дизел автобуси, што трошат преку 44 литри дизел на 100 километри, а ние то го дишеме – истакна Шилегов.
Тој рече дека проблемот со загадувањето ќе го решава од првиот проблем, а еден од главните проекти против загадувањето ќе биде гасификацијата на градот.