Шилегов ја побарал сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“ за да може да ги дислоцира

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска рече дека побарал од општина Центар да ја предаде сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“, за да може да почне нивна дислокација.

-Побарав од Општина Центар, покрај одржувањето, да ја предаде и сопственоста за ние потоа да можеме да влеземе во процес на дислокација на дел од спомениците од ‘Скопје 2014’. Барањето е поднесено, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, ги испитуваме законските можности дали можат советите на Општината и на Градот да донесат такви одлуки, односно да прифатат таква обврска. Меѓутоа, еве ги изборите, за еден месец ќе поминат, тоа ќе го реализираме во секој случај

Поврзани новости