Шилегов изнел резерви кон некои предлози за идни министри

Поранешниот скопски градоначалник сметал дека тие во голема мера биле заслужни за лошиот изборен резултат.

by Фокус

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан кон предлозите на Димитар Ковачевски за нови владини министри од редовите на СДСМ.

Како што неофицијално дознава Фокус, Шилегов денешната седница на Извршниот одбор изнел забелешки дека дел од предлозите за нови министри не треба да бидат на списокот.

Притоа, како што брифираат високи партиски избори, тој не издвоил конкретни имиња, но посочил дека некои од предложените кандидати во голема мера биле заслужни за поразот на изминативе локални избори.

Затоа, според него, ним не им било местото во новата влада, особено во ситуација кога, велат нашите соговорници, партијата почнала да напредува во Скопје.

После дискусијата на ИО, тој не гласал ниту „за“ ниту „против“ предлозите за членови на новата влада, додека на седницата на Централниот одбор воопшто не дискутирал.

Ковачевски ги објави имињата на новите министри од СДСМ

В.С.

Поврзани новости