422
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и пратеникот Мухамед Зекири пристигнаа во Кривичен суд.
Тие дојдоа во улога на сведоци на се што се случуваше за време на насилствата во Собранието на 27 април, минатата година.
Меѓу обвинетите за крвавиот четврток се поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и организаторите на протестите Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски. Тие се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Судијката Добрила Кацарска закажа над 50 рочишта за овој предмет.