19 и 18 годишно момче сакале да избегаат откако полицијата пронашла 18 мигранти во нивното возило

by fokus

Полицијата лиши од слобода две момчиња од село Слупчане, во чие возило биле пронајдени 18 мигранти од Авганистан, пренесе МВР.

„На 05.09.2018 година околу 21.00 часот  на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од с.Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесени соодветни поднесоци“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости