Портпаролот на СДСМ на денешната прес-конференција ги покажа Анкетните листови на Никола Груевски од 2014 и 2015-та година, за кои обвини дека експремиерот се обидувал да ги скрие.
Шилегов го обвини Груевски дека за една година се збогатил за скоро скоро 119 000 евра.
-Пријавувал приливи во банка од по 300 илјади денари, но и по 3 милиони денари. Интересно е дека за овие големи приливи од по 2.000.000 – 3.000.000 денари во 2015 година Груевски во Анкетниот лист се правда дека му биле од 2005 и 2012. Но ако е така, зошто не му биле пријавени во Анкетниот лист од претходната 2014 година? – праша Шилегов.
Шилегов порача дека иако Груевски не одговорил пред Антикорупциската комисија, ќе мора да им одговори на граѓаните како успеал да заштеди 118.629 евра.