Шилегов го забранува сообраќајот до Средно Водно

by fokus

Новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од 15 ноември ќе го забрани движењето на возила во Средно Водно.

-Од 15 ноември ќе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат кој води кон Сончев град. За да им овозможиме на граѓаните да стигнат до Средно Водно ќе воведеме повеќе автобуски линии, односно покрај постојната линија која од Транспортен центар вози до Средно Водно, ќе отвориме два нови пункта, едниот кај поранешна „Нова Македонија“ а вториот спроти Цветен пазар, рече Шилегов.

Новиот режим за движење на Водно нема да стартува овој викенд туку наредниот, бидејќи Шилегов чека да постави нов директор на ЈСП„Скопје“, за да може да воведе нови автобуски линии.

 

Поврзани новости