Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тој веќе 20 години има адвокатска канцеларија со по стотици илјади евра годишен приход и се смета себеси за богат човек за македонски услови, пред да влезе во политика. Во тој случај, смета Шилегов, не е ништо спорно да купите една викендица.
-Моето семејство освен адвокатското друштво, поседува уште три семејни бизниси. Непријатно ми е да кажам, но кога во 20 години работа ќе заработите неколку милиони евра, сите уредно пријавени и ќе купите една викендица и тоа со кредит, не гледам ништо спорно. Се сметам за богат човек уште пред да влезам во политиката, за македонски услови. Единствена промена во мојот анкетен лист откако сум на позиција е викендицата во Маврово, рече Шилегов.