Шилегов: Директорот на Улици и патишта не си ја зголемил платата

by Фокус

Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенко Смаиловиќ има основна плата од 55.000 денари исто како и неговиот претходник, информира денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, откако од Левица обвинија дека Смаиловиќ си ја зголемил платата од 1.000 на 1.700 евра.

-Она што излезе во јавноста е пресметка за ноември и декември што заедно ги има примено во јануари. Не знам зошто некој сакаше да крои лаги со цел некого да дискредитира човек што неуморно работи – рече Шилегов.

Тој додаде дека кога новиот директор на ЈП „Улици и патишта“ стапил на функција го затекнал претпријатието со долг од преку 150 милиони денари и 3 заостанати неисплатени плати на вработените.

-Сега сите плати на вработените се исплатени, а на луѓето кои работат на улица дури и им се зголемени, а воедно долгот е намален на 90 милиони денари – посочи скопскиот градоначалник.

Поврзани новости