503
Дали еден човечки живот вреди помалку од 2000 евра?, праша денеска портпарлот на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за медиумитe.
– За прегазен човек, поранешниот телохранител на директорот на УБК, Сашо Мијалков, Ален Зекиров е осуден на 6-месечна затворска казна. За наводен случај на примање 2.000 евра, синдикалниот лидер, Др. Дејан Ставриќ е осуден на 1 година затвор. Процесот за усмртен човек се одолговлекуваше 5 години. Синдикалниот лидер Ставриќ е осуден во експресна судска постапка. Според апсурдните одлуки на узурпираното судство од страна на Никола Груевски и неговата фамилија, човековиот живот чини помалку од 2000 евра – Шилегов.