715
Шест лица вечерва се приведени во полициската станица Гази Баба по инцидентот и заканите кон докторка во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, објави државната агенција МИА.
Притоа, еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициската станица со специјални протоколи.
Инаку, станува збор за инцидент кој настанал кога роднини на почината пациентка со ковид-19 сакале сами да го земат телото и да го однесат на обдукција.
Од болницата им објасниле дека протоколите предвидуваат телото до патологија го пренесува погребно претпријатие.
Тогаш настанале негодувања, по што обезбедувањето повикало полиција.