422
Шест деца со тупаници нападнале малолетник, кој се здобил со телесни повреди, информираат од МВР.
Според полицијата, вчера во 16,00 часот К.А.(31) од Скопје, пријавила дека на ул. “Александар Урдаревски“ во близина на ТЦ-“Живко Брајковски“, нејзиниот малолетен син по кратка вербална расправија бил физички нападнат од страна на шест малолетни деца кои го удриле со тупаници во пределот на лицето и грбот, при што се здобил со видливи повреди на левата аркада и грбот во вид на црвенило.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.