Апелација одлучи- Груевски останува без пасош

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски останува без пасош, објави ТВ 24, повикувајќи се на изјава на претседателката на Апелација, Лилјана Шопова, која беше главен судија во советот за одлучување.

Со одлуката, се одбива барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој си го бараше пасошот од судот, бидејќи му требало да излегува од земјата, а како доказ за тоа вчера неговите адвокати ја приложија поканата од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Пасошот на Груевски му беше одземен по одлука на Кривичниот суд а по барање на СЈО, како обвинет во случајот „Титаник“.

Поврзани новости