Шеста жртва на мали сипаници во Србија, почина 4-годишно дете

by fokus

Институтот за јавно здравја во Србија соопшти дека починало 4-годишно дете од Врањска Бања, заболено од мали сипаници. Со тоа бројот на жртви на оваа болест во Србија се искачи на шест, пренесува B92.

Четиригодишното дете никогаш не било вакцинирано, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш. Причина за смртта е развојот на воспаление во белите дробови.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, од октомври минатата година регистрирани се над 2.600 случаи на мали сипаници на териториајта на Србија, вклучувајќи ја и Косовска Митровица.

Најмладиот регистриран случај со заболување од морбили е бебе од само 15 дена, додека најстариот е на возраст од 65 години. Повеќето од заболените, односно околу 94 отсто, не се вакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Поврзани новости