Во последното деноноќие починале шест лица заразени со корона вирусот, тројца пациенти од Скопје на возраст од 84, 73 и 74 години, двајца од Тетово, 68 и 55 години и еден пациент од Струга на шеесет и двегодишна возраст. Сите пациенти се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, пет деца и пет мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се две, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е еден пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на ковид-19.