Нови 140 заразени со Ковид-19 од 1397 тестирања

by fokus 17:13
17:13

Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2, соопштуваат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.

- Advertising -

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6535, активни 586

• Куманово 1673, активни 201

• Дебар 275, активни 40

• Штип 1230, активни 74

• Прилеп 602, активни 129

• Тетово 1363, активни 157

• Струга 642, активни 63

• Велес 303, активни 30

• Битола 267, активни 61

• Охрид 402, активни 47

• Кавадарци 214, активни 36

• Гостивар 893, активни 104

• Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 162, активни 95

• Крива Паланка 93, активни 38

• Радовиш 68, активни 22

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 238, активни 84

• Пробиштип 101, активни 21

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 89, активни 10

• Пехчево 42, активни 18

• Берово 79, активни 22

• Валандово 14, активни 5

• Виница 97, активни 27

• Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 315, активни 20

• Кичево 301, активни 28

• Ресен 160, активни 13

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1397 теста се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296,  Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

Поврзани новости