Шест нови земјотреси во Охрид

by Fokus

Нова серија од шест земјотреси изминатата ноќ повторно го потресе охридскиот регион. Најсилниот со магнитуда од 3,7 степени според Рихер е регистриран изутринава во 7:18 часот.

Две минути пред овој земјотрес е евидентиран уште еден со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Преостанатите четири земјотреси се случија во 1:07 часот по полноќ со манитуда од 3,3 степени, во 2:52 часот (2 степена), во 4:32 часот (3,1 степен) и во 6:54 со магнитуда од 2,8 степени.

Поврзани новости