515
Во Полициската станица Битола вчера во 08:43 часот било пријавено дека при извршување градежни работи на место лоцирано до патот на националниот парк „Пелистер“ биле пронајдени шест стари неексплодирани гранати.
„Од страна на пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за стари неексплодирани артилериски гранати калибар 75мм од Првата светска војна. Гранатите биле безбедно подигнати“, велат од полицијата.