Синоќа околу 21 часот и дваесетина минути по полноќ во Тетово се уапсени шест лица поради поседување на психотропни супстанци.
Прво на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово уапсени се Е.Н. (32) и К.Б. (30), двајцата од тетовското село Порој и С.Ч. (21) од Република Албанија. Притоа, 32-годишникот од Порој се обидел да го фрли кокаинот, а потоа и нападнал еден полициски службеник. Тројцата се задржани во полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Дваесетина минути по полноќ во тетовското село Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 29-годишниот тетовец Л.М, а во кое се наоѓале и А.Ј.(33) од Голема Речица и Б.Џ. (28) од Тетово.
Во возилото исто така е пронајдено марихуана а тројцата се лишени од слобода и се задржани во полициската станица Тетово за расчистување на случајот.