Шест лица повредени откако со возило излетале кај Попова Шапка

by fokus

Шест млади лица се повредени при излетување со возило на патот Тетово-Попова Шапка кај селото Лисец. Тетовската полиција информира дека незгодата се случила ноќеска, еден час по полноќ.

-Патничкото моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетало од коловозот во близина Лисец. Притоа возачот и петте сопатници во возилото на возраст од 16,18,19 и 20 години се повредени. Тие се пренесени во Тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Полицијата извршила увид на местото на сообраќајната незгода.

Поврзани новости