Шест години му судат на Бошкоски за „Ровер“’, случајот тапка во место

by fokus

Две и пол години никако да започне повторената постапка за случајот „Ровер“, односно за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, во кој еден од обвинетите е и екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Денеска во Кривочниот суд требаше да се оддржи рочиште, но судењето повторно се одложи, бидејќи не присуствуваше обвинетиот Ивица Ристиќ кој има здравствени проблеми, односно досега имал две операции, а требало да му се изврши и трета. Наредното рочиште е закажано за 21 септември.

Овој случај веќе шест години се влече низ судските лавиринти. Досега беа донесени две првостепени пресуди, но Апелациониот суд ги укина, по што во октомври 2015 година судењето требаше да почне по трет пат.

Апелација по втор пат, во 2015 година, ја укина првостепената пресуда за овој случај, поради низа пропусти и грешки и неутврдена фактичка состојба. Тогаш донесе и одлука да се укине притворот за обвинетите Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ и Гоце Митревски, кои три години поминаа зад решетки.

Според првостепената пресуда, за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев, од 2001 година, обвиентите Предраг ЧубрилоМилан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор, Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќа по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

Обвинетите и одбраната очекуваат конечно овој случај да заврши со повлекување на обвинението, кое е потпишано од Лидија Раичевиќ, бидејќи според нив нема нити еден доказ кој укажува на нивна вина, или истото да го преземе Специјалното јавно обвинителство. Засега нема најави од СЈО за преземање на овој предмет.

Валентина Вурмо

Поврзани новости