409
Функционер на Српската радикална странка (СРС), денеска ги предаде 14те илјади потписи за поддршка на претседателската кандидатура на Војислав Шешељ, на Републичката изборна комисија (РИК), јави „Мета“.
Шешељ е трет кандидат што ги предаде потписите, а пред него тоа го направија и актуелниот премиер, Александар Вучиќ, и народниот правобранител, Саша Јанковиќ.
Претседателските избори се распишани за 2 април, а ако во првиот круг никој не освои мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 16 април.