И Канада го повика Иванов да ја изврши својата уставна обврска

by fokus

По апелите од ЕУ и САД, денеска и Канада го повика претседателот Ѓорге Иванов да престане да го блокира формирањето на новата влада и да го додели мандатот на Зоран Заев.

-Апелираме до Претседателот да ја изврши својата уставна обврска и да го прифати формирањето на новата влада , што следува по парламентарните избори во Македонија одржани на 11 декември 2016-та година. Очекуваме дека преземените следни чекори на претставниците на властите во Скопје, вклучително и Претседателот, ќе бидат во согласност со демократскиот процес и Уставот. Канада ги повикува сите страни на воздржаност и делување во насока на она што е од најдобар интерес за Македонија и сите нејзини граѓани- порача шефицата на канадската дипломатија Кристија Фриленд.

Поврзани новости