483
Воислав Шешељ потврди дека Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ, ќе биде погребана во дворот во семејната куќа во Пожаревац.
Погребот ќе биде на 20 април во 15 часот, а согласност дале и нејзините деца, Марија и Марко Милошевиќ.
„Марко Милошевиќ ме овласти јас лично да го договорам верскиот обред со свештениците на Српската православна црква. Ова е официјална информација на семејството и се апелира во јавноста да се прекина со шпекулациите за местото и деталите за погребот“, истакна Шешељ.