Српската радикална странка денеска одржа собир пред зградата на поранешниот Генералштаб во Белград, по повод шеснаесетгодишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија.
Војислав Шешељ и неговите приврзаници ги запалија знамињата на Европската унија и НАТО и Шешељ истакна дека Србија никогаш не смее да стане дел од овие организации, иако, како што го нарече тој, српскиот предавник, премиерот Вучиќ тоа се обидува да го стори.
-Со овој собир сакавме симболично да го означиме почетокот на агресијата, но режимот на предавникот Вучиќ тоа го забрани. Неговиот режим е како вештерка без заби, сака да каса, ама нема со што. Затоа денес тука нема полицајци, а бевме подготвени да не апсат и тепаат, рече лидерот на српските радикали, Шешељ.
Тој додаде дека никогаш нема да се помират со „измислената независност“ на Косово и дека еден ден ќе го вратат во склоп на српската држава, исто како што ќе ги вратат и Република Српска и Црна Гора.