Шерон Стоун откри дека поради нејзината најпозната филмска улога го изгубила старателството врз синот во 2004 година.
Станува збор за еротскиот трилер „Основен инстинкт“ од 1992, што особено го прослави сцената во која Стоун ги прекрстува нозете додека ја испрашуваат во полиција.
-Таа сцена ја искриви перцепцијата за мене. Дали знаеш дека твојата мајка снима секс филмови – го праша судијата мојот четиригодишен син – кажа Стоун, додавајќи дека реакциите на сцената ја принудиле да избегнува слични улоги и филмови.
Стоун и тогашниот сопруг Рон Бронстин го посвоија синот Роан во 2000, а откако се разведоа, судијата му го додели старателството на Бронстин.
-Загубата на синот ми предизвика сериозни срцеви проблеми, поради што завршив на клиника. Тоа буквално ми го скрши срцето – рече Стоун.