Шерон Стоун и честиташе роденден на Северина

by Фокус

Северина на 21 април го прослави својот 51 роденден, а доби честитка од една од најголемите холивудски ѕвезди –  Шерон Стоун. Пејачката во оваа прилика се огласи на Инстаграм и го објави видеото во кое актерката упатува најубави желби.

„Оф, не знам како да кажам нешто за Шерон Стоун, која исто така ми го честита[e роденденот. Само уште Богородица да ми се појави… Што да кажам, освен благодарам на една прекрасна, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи многу добро за жените“, напиша Северина.

Инаку, Шерон и Северина имаат заеднички пријател, кој го овозможил ова изненадување.

Поврзани новости