„Sheldon The Sniper“ го презема Твитер профилот на Бујар Османи

by fokus

Хакиран е официјалниот Твитер профил на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Профилот е преименуван во „Sheldon The Sniper“, a променети се и сите информации, како и профилни фотографии.

Министерот Османи на Фејсбук потврди дека Твитер профилот бил предмет на хакерски напад и е преземен од непознати лица.

Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, напиша Османи.

Инаку, вистинскиот Sheldon The Sniper е крипто трејдер и е дел од YouTube канал кој објавува содржина поврзана со крипто валути. Интересно е што вистинскиот профил на Sheldon The Sniper го следи и поранешниот премиер Никола Груевски.

Вака сега изгледа Твитер профилот на Османи

 

Поврзани новости