Шекеринска за условите на Бугарија: Сакаме да бараме решенија со соседите, а не да ја играме играта на уцени

by fokus

Ќе градиме пријателства и ќе се трудиме да ги решаваме проблемите, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во врска со уцените кои ги постави Бугарија, а кои се однесуваат на преговарачкиот процес со ЕУ доколку Македонија добие датум за преговори.

-Условите се покажале некогаш како корисен инструмен, а некогаш како катастрофа. Сакаме со нашите соседи да бараме решенија, а не да ја играме играта на уцени, притисоци, кавги и прекинување на разговорот – рече Шекеинска.

Таа додаде дека важно е што денеска можеме да кажеме дека „сите наши соседи цврсто не поддржаа да станеме членка на НАТО и ЕУ“.

-Нашата држава во историјата платила огромна цена затоа што не била на маса кога за неа се одлучувало, тоа сакаме да го направиме во НАТО, сакаме и во ЕУ. Ако не сте уште на масата не треба да лицитирате што ќе се случи. Ние очекуваме преговарачките рамки да бидат дефинирани согласно европските принципи и согласно принципот дека мора да се најдат решенија со соседите – посочи Шекеринска.

Поврзани новости